Утрински Весник
Спорт

Шенгелија пред потпис со Виртус Болоња

Шенгелија пред потпис со Виртус Болоња

По Даниел Хакет уште еден играч на ЦСКА Москва, кариерата ќе ја продолжи во Виртус Болоња. „Баскет њуз“, објави дека до крајот на викендов договор со тимот од Болоња ќе потпише Торнике Шенгелија.

Поради инвазијата на Русија врз Украина, шестмина играчи го напуштија тимот на ЦСКА. Даниел Хакет потпиша договор со Виртус, а по неговите стапки трган и Шенгелија. Грузиецот треба да потпише договор до крајот на сезоната, со можност да остане уште една сезона доколку Виртус се пласира во Евролигата.

Интересно е тоа што Шенгелија се упте не го раскинал договорот со ЦСКА.

> Шенгелија пред потпис со Виртус Болоња <

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС