Утрински Весник
Свет

Шеесет години од историскиот лет во вселената на Гагарин

Шеесет години од историскиот лет во вселената на Гагарин
Ss2

Русите ја слават 60-годишнината од првиот лет со екипаж во вселената, подвиг на космонаутот и советски херој Јуриј Гагарин, кој останува една од најценетите личности во Русија.

По тој повод, рускиот претседател Владимир Путин патува за Енгелс, град на југот на земјата, на бреговите на Волга, до местото каде што слета Гагарин по историскиот лет и каде се наоѓа споменик на тој чин.

300x250 (7)

„ Годишнината на вселенскиот лет е „ден на национална гордост“ за Русија, рече во петокот портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Ракетата Восток со 27-годишниот Гагарин беше лансирана на 12 април 1961 година од космодром во Казахстан, тогаш дел од Советскиот сојуз.

Летот траеше само 108 минути, или една орбита околу Земјата.

Капсулата Восток е изложена во московскиот музеј за космонаутика, каде утре се отвора изложба за Гагарин. Посетителите ќе можат да ги видат документите, фотографиите и личните работи на Гагарин таму, од кои некои потекнуваат од неговото детство. Гагарин почина во 1968 година во авионска несреќа.

Ss1

Можете да прочитате

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56

Египетски медиуми: Забележлив напредок во разговорите Хамас-Израел

Сандерс им порача на американските студенти дека се на вистинската страна на историјата