Утрински Весник
Спорт

Шевченко ја купува Пескара

Поранешниот украински фудбалер Андреј Шевченко е во преговори за купување на фудбалскиот клуб Пескара.Според италијанските медиуми, поранешниот напаѓач треба да се сретне со претседателот на овој клуб за да се договори околу купувањето на мнозинскиот пакте од акциите на Пескара.

Пескара моментално игра во Серија Ц, третото ниво на италијанскиот фудбал. Преку лигашкиот дел изборија пласман во плеј-офот каде ќе се борат за пласман во Серија Б.

Медиумите јавуваат и дека Шевченко вечерва ќе присуствува на мечот од плејофот меѓу Пескара и Губи.

Шевченко до лани беше селектор на репрезентацијата на Украина, а по заминувањето од кормилото на репрезентацијата стана селектор на Џенова. Таму останал само два месеци, по што добил отказ.

> Шевченко ја купува Пескара <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари