Утрински Весник
Свет

Шведска, Данска и Финска ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за мажи под 30 години

Шведска, Данска и Финска ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за мажи под 30 години

Финска ќе ја прекине употребата на вакцината на „Модерна“ против „Ковид-19“ кај мажи родени 1991 година и подоцна, откако беа пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти, објави денеска Финскиот институт за здравје и социјална заштита.

Шведските и данските здравствени власти вчера објавија дека ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за помлади лица и деца.

Норвешка веќе ја користи вакцината на „Фајзер“ за сите деца, а сега се препорачува и за мажи на возраст под 30 години.

Нордиските земји својата одлука ја засноваа на необјавена нордиска истражувачка студија која вклучува податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.

Можете да прочитате

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина

Повеќето нови германски државјани го задржуваат своето оригинално државјанство