Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Започнуваме со обуката на претставници на министерства и јавни институции, во рамките на реорганизацијата на државната администрација

Шаќири: Започнуваме со обуката на претставници на министерства и јавни институции, во рамките на реорганизацијата на државната администрација

Во рамките на реорганизацијата на државната администрација, Министерството за информатичко општество и администрација денеска започна со обуката на претставници на министерства и јавни институции.

„ По спроведувањето на хоризонталната функционална анализа и изготвувањето извештаи за реорганизација каде што беше формирана новата организациска структура на државните органи, агенции и инспекциски служби на централно ниво, оваа обука има за цел да создаде административни капацитети кои ќе имаат надлежности да ги спроведат своите ревизии, кога ќе се појави потреба”, рече министерот Шаќири.

Меѓудругото, тој ја истакна важноста на оваа обука и додаде дека се ангажирани експерти да понудат помош и да обучат за процесите што следат.

Оваа фаза ќе ги покаже во пракса ефектите од овој процес, но и ќе биде позитивен пример и поттик за продолжување на спроведување на целосната реорганизација во останатите министерски системи и Генералниот секретаријат на Владата.

Министерот Шаќири го заврши својот говор посакувајќи успешна обука и плодна дискусија за сите учесници.

Можете да прочитате

ЛДП: „Нула денари” е најскапата лага – Владата призна „Рекет на стероиди” со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Утрово без задржувања на граничните премини

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет