Утрински Весник
Економија

Шахпаска на средба со синдикатите и работодавачите: Посветено ќе работиме на новиот закон за работни односи

Шахпаска на средба со синдикатите и работодавачите: Посветено ќе работиме на новиот закон за работни односи

Во Министерството за труд и социјална политика, министерката Јагода Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и претставници на работодавачите.

На средбата се дискутираше за продолжување на процесот на подготовка на Законот за работните односи при што Шахпаска побара активно вклучување на сите чинители засегнати од законското уредување на прашањата кои ги регулира овој Закон. Таа додаде дека следните работни среди ќе бидат надополнети и со претставници на невладиниот сектор и стопанските комори. Притоа, таа присутните претставници ги запозна со содржината на програмата на Владата, а која е поврзана со Законот за работни односи.

„Она на кое што ќе работиме периодот пред нас се уредување на прашањето во врска со сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од дома работата од далечина, договорите на определено време и други прашања важни за унапредување на позитивното законодавство, а ќе обезбедат флексибилност и сигурност на работните места“, посочи Шахпаска.

Во овој процес ќе бидат вклучени и експерти од трудово право и Меѓународната организација на трудот, со цел добивање на експертско мислење за усогласеноста на Законот со директивите на ЕУ и Конвенциите на МОТ.

На крајот од работната средба сите страни се согласија на поинтезивна работа и средби во периодот кој следува,со цел побрзо заокружување на содржината на новиот Закон за работни односи, се наведува во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk