Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Комисијата за заштита од дискриминација треба да постапува надпартиски и независно

Шахпаска: Комисијата за заштита од дискриминација треба да постапува надпартиски и независно

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со новите членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кои добија поддршка од пратениците во Собранието со 61 глас „за“.

„Законот за спречување и заштита од дискриминација е законско решение кое беше поддржано и од власта и од опозицијата. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација која произлегува од ова законско решение треба да постапува надпартиски, непристрасно и независно, со нула толеранција кон сите облици на дискриминација. Конечно ќе испорачаме правда кон граѓаните“, рече Шахпаска.

Таа посочи дека преку изборот на новите членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која за прв пат ја сочинуваат професионалци со искуство во полето за човековите права, се враќа довербата на граѓаните.

„Создавање на независна, професионална и ефикасна Комисија за спречување и заштита од дискриминација, чија што задача ќе биде заштита на граѓаните кои се дискриминирани по кој било основ е потврда за нашите заложби во градењето на еднакво општество за сите“, рече Шахпаска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”