Утрински Весник
Магазин

Член на семејството Гучи го критикува кастингот на House of Gucci

Член на семејството Гучи го критикува кастингот на House of Gucci
Ss2

Внуката на Алдо Гучи  го критикуваше изборот на актери за крими драмата “Куќата Гучи“, односно како што рече „ужасниот кастинг“ на филмот на Ридли Скот бидејќи актерите воопшто не личат на нејзините роднини.

Патриција Гучи, втора братучетка на покојниот Маурицио, тврди дека е навредена од начинот на кој нејзиното семејство е претставено во филмот и остро го критикува „дебелиот и грд“ приказ на нејзиниот дедо Алдо од страна на актерот Ал Пачино.

300x250 (7)

Медиумите пренесоа нејзина поранешна изјава откако наследниците на модната династија навестија дека ќе преземат правно дејствие поради искривување на вистината за нивните предци.

Во едно интервју за „Асошиетед прес“, Патриција изјави дека е запрепастена од тоа како е претставен Алдо, кого во филмот го глуми Ал Пачино.

„Мојот дедо беше многу убав човек, како и сите Гучи, и многу висок, со сини очи и многу елегантен. Него го глуми Ал Пачино, кој не е многу висок, а на сите фотографии е дебел, низок, со бакенбарди, навистина грд. Срамота, бидејќи тој воопшто не личи на него“.

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер и е заснован на вистинита сторија – убиството на Маурицио и судењето на неговата поранешна сопруга – опишано во книгата „Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“. Патриција Реџани, ликот кој го толкува Лејди Гага, е во центарот на експлозивната приказна. Таа одлежа 16 години затвор поради организирање на убиството.

Но, братучетката на Маурицио е загрижена дека филмот оди подалеку од вистинската крими приказна која ги полнеше насловните страници и дека влегува во нивниот приватен живот.

„Навистина сме разочарани. Зборувам во име на семејството,“ рече таа.

„Го крадат идентитетот на едно семејство за да заработат, за да го зголемат приходот на холивудскиот систем… Нашето семејство има идентитет, приватност. Можеме да зборуваме за се. Но, постои граница што не може да се помине.“

Ss1

Можете да прочитате

Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж” во Париз

СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна

На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови