Утрински Весник
Свет
Img 7972

Четири судански војници загинаа во судири со етиописките милиции на границата

Четири судански војници загинаа во судири со етиописките милиции на границата
Img 7972

Етиопските милиции извршија упад во судански регион долж границата на земјите, оставајќи ад себе мртов бригаден генерал, пренесува „Мидл ист монитор“. Висок претставник на источната суданска гранична провинција Ал-Кадариф изјави за РТ дека суданската армија почнала напад и жестоки битки долж границата со Етиопија, во кои загинаа тројца судански војници.

Изворите нагласиле дека суданската армија има вратено голем број судански области кои беа окупирани од етиопските земјоделци во последните денови. Судан распореди повеќе од 6.000 војници на границата на почетокот на борбите во етиопискиот регион Тиграј, поради кој минатиот месец се отвори конфликт меѓу сојузната влада и регионалните власти.

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, прогласи победа во борбата. Сепак, судирите меѓу федералните и регионалните сили продолжија. Борбите во Тиграј доведоа повеќе од 52.000 бегалци од Етиопија во Судан, претежно во Ал-Кадариф.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина