Утрински Весник
Македонија

Четири нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Четири нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Гостивар, 6 јуни 2020 (МИА) – Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи. Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП Комуналец. По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на Ковид-19.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица. До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26, Во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово Ростуше 2.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 454 тестирања, досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.згм/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од минерален потенцијал до европски вредносен синџир: Иловица меѓу проектите со развоен потенцијал

Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија, неофицијално шестмина уапсени