Утрински Весник
Свет

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астра зенека“ во Италија

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астра зенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астра зенека“, се вели во извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавен денес.

Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени кај 0,5 проценти од 9 милиони дози инјектирани помеѓу 24 декември и 26 март со употреба на вакцини од три производители – „Фајзер“, „Астра зенека“ и „Модерна“.

Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите. Лесните несакани ефекти најчесто биле симптоми на грип, болка на местото на убодот и замор.

Како и многу европски земји и Италија накратко ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астра зенека“ во март кога се појави загриженост за појава на тромби. Оттогаш, со оваа вакцина во Италија се вакцинираат само луѓето постари од 60 години, бидејќи европските регулатори заклучија дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.

Во Италија 11 лица развија тромби, откако примија вакцина на „Асра зенека“, а четири починаа.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија