Утрински Весник
Спорт

Чави до играчите: Дајте по 5 милиони евра и нема да одиме во Австралија

Катастрофалната финансиска состојба во Барселона го принудува клубот да ја искористи секоја можност да заработи нешто и со тоа барем делумно да го намали дефицитот.

Клубот заработува од интерконтиненталните летни турнеи, во Австралија, САД и на Далечниот Исток.

Шпанските медиуми, открија како тренерот Чави ги спуштил на земја своите ѕвезди. Во месец мај, во соблекувалната владеело големо незадоволство, бидејќи клубот прифатил да игра пријателски натпревар во Австралија.

Играчите на Барселона не сакале до крајот на светот за да играат неважен, ревијален натпревар.
Каталонскиот „El Periodico“ открива што им рекол Чави на фудбалерите.

„Одиме во Австралија да играме за да заработиме пари за нашите плати. Друга опција е да земете 5 милиони евра од вашите сопствени џебови и да ги ставите на маса. Ако го направите тоа, ќе ги однесам тие пари кај претседателот и потоа нема да одиме во Австралија“.

> Чави до играчите: Дајте по 5 милиони евра и нема да одиме во Австралија <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција