Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Марин: Од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерката на Финска – Сана Марин, којашто е во работна посета на нашата земја, имаат тет-а-тет средба на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји.

Во фокусот на средбата Ковачевски-Марин беше поддршката што Република Финска ја добива во процесот за пристапување на оваа земја во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски за време на разговорот со премиерката Марин истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евро-Атлантскиот Регион, особено регионот на Високиот Север и Балтикот.

Премиерите Ковачевски и Марин споделија согласност дека од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ без дополнителни условувања што Финска силно го препорачува како признание за нашата земја којашто ги исполни сите критериуми за организирање на првата меѓувладина конференција за отворање на поглавјата за членство.

Двајцата премиери на средбата изразија подготвеност да ги поддржат сите потенцијали за унапредување на економската соработка и соработката во сферите на образованието и дигитализацијата.

Можете да прочитате

10 дена без трага од Љупчо – Баравме помош уште пред да исчезне велат од семејството

Од Стража до Гостивар вечерва се патува и до час и половина

Приведен 20-годишник, со остар предмет се обидел да ограби обложувалница