Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Викендов ќе се санира дупката на мостот во Драчево

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги известува сите учесници во сообраќајот дека викендов заради реализација на проектот за целосно санирање на дупката на мостот на Маркова Река во населбата Драчево, на овој потег ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

„Оштетувањето на мостот ќе се санира со брзоврзувачки материјали на цементна основа, што ќе овозможат враќање на асфалтот за само 24 часа после реконструкцијата на коловозната плоча“, информираат од ЦУК и додаваат дека санацијата е планирано да се заврши за два дена.

Од таму посочуваат дека во еден период од 20-тина часа, сообраќајот на мостот ќе треба да се одвива по само една сообраќајна лента, со најмала можна брзина на движење, од околу 10 километри на час.

Времениот сообраќаен режим на овој потег ќе важи до завршување на градежните активности за санација на оштетувањата, па оттука Центарот апелира за максимална претпазливост при возењето.

Можете да прочитате

Утре од 20 часот пред Борис Трајковски собир за последен поздрав кон Владо Јаневски

Собранието итно закажа седница по најавата на СДСМ за блокада на Изборниот законик

ВЛЕН: Аферата со канализацијата во Зајас добива нова димензија, дали трагата води до снаата на Али Ахмети?