Утрински Весник
Свет

Црна Гора со парични казни и до 20.000 евра ќе го спречува ширењето на коронавирусот

Црна Гора со парични казни и до 20.000 евра ќе го спречува ширењето на коронавирусот
Img 5587

Во Црна Гора стапи на сила закон кој предвидува парични казни за непочитување на мерките за борба против коронавирусот.

Од синоќа, со влегувањето во сила на новиот закон за заштита од коронавирус, Управата за инспекциски работи на Црна Гора ригорозно започнува со казнување на прекршоци на наредбите за спречување на ширење на вирусот, а предвидените казни се движат од 500 до 20.000 евра.

Img 5587

Откако синоќа во Службен весник беше објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Владата објави дека се предвидени казни од 2.000-20.000 евра за правни лица, од 200-2.000 евра за лица одговорни во правни лица и од 350 до 6.000 евра за фирми кои не обезбедуваат физичко растојание и заштитна опрема.

Текстот Црна Гора со парични казни и до 20.000 евра ќе го спречува ширењето на коронавирусот е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум