Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го урна системот во Македонија за да инсталира систем на криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го урна системот во Македонија за да инсталира систем на криминал
Img 5587

Црниот биланс од коронавирусот во последното деноноќие е 173 новозаразени и 15 починати.Додека граѓани заболуваат и умираат, Венко Филипче снима спотови, оди на митинзи со Зоран Заев и се препукува партиски со здравствените власти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија со 6625 заболени и 321 починати е црн рекордер во регионот по бројот на сто илјади жители.

Ss1

„Ваквите бројки одат на совеста на Заев, Филипче и СДСМ кои имаат други приоритети наместо здравјето и животите на граѓаните. Вирусот наречен власт на Заев е подеднакво опасен како и коронавирусот. Овој вирус ја разјадува Македонија, ја осиромашува, создава систем на корупција криминал и рекет, наместо да гради систем на квалитетно здравство, образовани и економија.

Видовме дека овие три години власт на СДСМ и Заев времето било трошено да се направи некој дил со контроверзни бизнисмени кои самите признаваат дека давале и по 300 илјади евра за да им се заврши работата. Гледавме како торби со милиони евра и снопчиња со пари биле разнесувани низ цела Македонија, а за што постои сведоштво дека на крајот завршувале кај Вице и Зоран Заеви.СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Заев го урна системот во Македонија за да инсталира систем на криминал е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт