Утрински Весник
Магазин

Сопругата на Вил Смит демантира дека е во врска со пејачот Алсина

Сопругата на Вил Смит демантира дека е во врска со пејачот Алсина

Џејда Пинкет Смит ги негираше тврдењата на Август Алсина дека тие двајца имале врска со благослов на нејзиниот сопруг Вил Смит.

За Џејда и Август се ширеа гласини дека биле романтично поврзани веќе неколку години, а на почетокот на оваа недела 27-годишниот пејач излезе со тврдење дека гласините се вистинити. Тој изјави дека „не сторил ништо лошо бидејќи сопругот на Џејда бил повеќе од свесен за ситуацијата“.

48-годишната Џејда тврди дека никогаш немала никаква врска со Август и ваквите наводи ги оцени како целосно невистинити.

Во интервју за „Пејџ сикс“, нејзиниот претставник рече: „Апсолутно не е точно!“

Во неговите првични коментари, Август тврдеше дека со години бил во врска со Џејда и дека нејзиниот сопруг, холивудската легенда Вил Смит, знаел и не му пречи. Пејачот тврди дека Вил (51) му дозволил да се запознае со Џеда бидејќи нивниот брак „повеќе не е романтизам туку животно партнерство“.

Неговата приказна беше главна тема во американските таблоиди.

„Луѓето можат да имаат какви било идеи, но не е во ред да се дискутира за мојот карактер. Јас не сум човек што прави проблеми. Не сакам драма. Драмата всушност прави да ми е мачно,“ рече Август по лавината реакции што ги предизвика неговата приказна.

Џејда Пинкет Смит е во брак со актерот Вил Смит од 1997 година и за нивниот брак отсекогаш се шират приказни за голема љубов, но и големи контроверзи можеби затоа што во една пригода тие изјавија дека имаат отворен брак.

 

Текстот Сопругата на Вил Смит демантира дека е во врска со пејачот Алсина е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Унгарија по седум години би можела повторно да настапи на Евровизија

Излезе лажен ChatGPT кој краде сè!

„Јутјуб“ воведува автоматски ознаки за видеа генерирани со вештачка интелигенција