Утрински Весник
Спорт

Циципас: Треба да се консултираме со тренерите додека мечот трае

Циципас: Треба да се консултираме со тренерите додека мечот трае

Гркот Стефанос Циципас, не е задоволен што во тенисот на играчите не им е дозволено да комуницираат со своите тренери во текот на мечевите.

„На тренерите треба да им се дозволи да даваат совети во текот не секој поен. Нашиот спорт тоа треба да го прифати. Веројатно сме единствениот глобален спорт кои тоа не го практикува. Треба тоа да биде легално. Време е да направиме голем исчекор“, рекол Циципас.

Гркот не игра добро од финалето на Ролан Гарос, каде водеше 2:0 против Ѓоковиќ но не успеа да го освои турнирот. Циципас потоа испадна во првото коло на Вимблдон, а пред два дена настапот во Хамбург го заврши во четврт-финалето.

> Циципас: Треба да се консултираме со тренерите додека мечот трае <

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ