Утрински Весник
Македонија

Цивил: Владата да донесе целосна забрана за работа во Штип и секаде каде што тоа е потребно

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“
300x250 (7)

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Имајќи предвид дека бројот на новозаболени од коронавирусот е во пораст, Цивил ја повикува Владата да донесе одлука за целосна забрана за работа во текот на полицискиот час за време на продолжениот празничен викенд.

Бројот на случаи на заразени од коронавирусот е во пораст токму меѓу работниците во приватниот сектор, особено во текстилната индустрија. Цивил преку соопштение ја повикува Владата да донесе строга забрана за работа во Штип, но и во други општини (Скопје, Куманово, Тетово…) каде што се бележи пораст на бројот на носителите и заболените од коронавирусот.

300x250 (7)

Како што се наведува во соопштението, Цивил во целост го поддржува предлогот на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој побара забрана за работа во текстилните погони.

-Веруваме дека и други градоначалници ќе ја согледаат потребата од ваква забрана и дополнителни мерки за заштита, со што ќе се придонесе кон заштита од ширење на коронавирусот и негово целосно излегување од контролата. И покрај тоа што беше најавено привремено затворање на неколку текстилни фабрики во Штип и беше упатен апел за задолжителна самозиолација на вработените во овие конфекции, ризикот сѐ уште е висок, со оглед на фактот дека важат дозволите за работа за време на полициски час, посочуваат од Цивил.

Невладината организација ги повикува властите, особено МВР и инспекциските служби, да ги засилат напорите за максимално почитување на мерките и ограничувањата кои имаат цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Истовремено, Цивил бара доследно почитување на човековите права и слободи, на начин што во ниеден случај нема да бидат пречекорени или злоупотребени овластувањата на службените лица во текот на спроведувањето на мерките. ев/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ