Утрински Весник
Македонија

Центарот за развој на Полошкиот плански регион со проект за зајанување на алтернативниот туризам

Центарот за развој на Полошкиот плански регион со проект за зајанување на алтернативниот туризам
Ss2

Тетово, 17 април 2020 (МИА) – Сите заинтересирани граѓани може да учествуваат со свои сугестии, забелешки и коментари во рамки на изготвување на проект на Центарот за развој на Полошкиот плански регион каде што главна цел е зајакнување на економскиот развој со зголемување на конкурентноста на регионот како туристичка дестинација со ефикасно прилагодување на барањата на домашниот и на странските пазари и придонесување во создавање нови работни места.

Имајќи ги предвид вонредните мерки на Владата, од Центарот информираат дека треба сите сугестии да се поднесат со пополнување формулар што треба да се испрати по електронски пат.

Ss1

-Проектот за локална и регионална конкурентност и под-проект “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог” се: реконструкција на општински патишта Старо Село- планинарски дом Љуботен, Јегуновце-планинарски дом Цер, набавка и поставување на контејнери собирање на отпад на Попова Шапка, зајакнување на капацитетите на Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) „Тетово” со набавка на возила за собирање на отпад на Попова Шапка (камион, трактор, багер);регулирање на планинарската инфраструктура на Шар Планина, реконструкција на планинарски дом „Љуботен”, воспоставување на Регионален Систем за Менаџирање со информации од туризам и воспоставување на Ситуациски кризен центар со систем за набљудување и рано предупредување на Попова Шапка, наведуваат од Центарот за полошки плански развој.

Рокот е до 24 април, нa следните е-маил адреси: ljubomir.petkovski@lrcp.org.mk и/или info@rdcpolog.mk . ас/цр/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот

(ВИДЕО) Николоски: Максим, Ванковска, Таравари и Јакимовски се слуги на Ахмети опиени од сопствениот неуспех