Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата
Img 7972

Владата на денешната 8-ма седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини, соопштија владините служби.

„Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година“, е неведено во владиното соопштение.

На оваа седница Владата ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во која се идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста и растот на економијата.

Со усвоената Програма следниот тригодишен период фокусот ќе биде ставен на зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување зелена транзиција, како и подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија, нивна интеграција во глобалните вредносни синџири и формализација на економијата.

Новина во Програмата на економски реформи 2022-2024 се реформите во животната средина во делот на Зелена транзиција, а коишто се однесуваат на справување со цврстиот отпад и отпадните води. Еден од клучните предизвици е енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут