Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно, претпладне со повремен слаб снег

Утре променливо облачно, претпладне со повремен слаб снег

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во недела и понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни