Утрински Весник
Македонија

Целосно вакцинирани се над 700 илијади граѓани

Целосно вакцинирани се над 700 илијади граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани, информираат од Министерството за здравствo.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18, a до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, потсетуваат од ресорното министерство.

Можете да прочитате

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”