Утрински Весник
Спорт

Цедевита Олимпија и Црвена звезда ќе играат мајсторка за финале во АБА

Црвена звезда ќе мора да игра мајсторка за пласман во финалето од плејофот на АБА-лигата. „Црвено-белите“ вечерва во драматичен натпревар во Љубљана, кој траеше повеќе од два и пол часа, доживеаја пораз од Цедевита Олимпија со 88:80 по продолжението. Во регуларниот тек натпреварот заврши 76:76.

И покрај шокантната завршница на регуларниот дел од натпреварот за нив, Цедевита Олимпија подобро влезе во продолжението. Со поените на Омиќ, а потоа и на Блажиќ, домашните поведоа со 80:76, ​​а дополнително Црвена звезда поради пет прекршоци остана без Лука Митровиќ.

Никола Калиниќ го изнуди петтиот прекршок на Еџам, но следуваше тројката на Муриќ по што следуваше петтиот фаул на Калиниќ, па домашните стигнаа до плус шест – 84:78. По ова, беше јасно дека домаќинот ќе стигне до триумф.

Едо Муриќ беше најдобар играч на натпреварот со 21 поен и седум скока, а го следеше Блажиќ со 12 поени и пет скока. Кај Црвена звезда, Добриќ постигна 15 поени, Холинс и Волтерс по 14, а Митровиќ имаше 11 поени и седум скока.

> Цедевита Олимпија и Црвена звезда ќе играат мајсторка за финале во АБА <

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија