Утрински Весник
Македонија

Царовска: Насоките во средното стручно образование ги прилагодуваме според потребите на компаниите

Царовска: Насоките во средното стручно образование ги прилагодуваме според потребите на компаниите
Ss2

Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието, рече министерката за образование Мила Царовска во Крива Паланка каде денеска продолжија средбите со компаниите, средните училишта и претставници од локалните самоуправи.

„Целта на овие средби е заеднички да ги идентификуваме профилите кои ќе се отворат во средните стручни училишта уште од идната учебна година, според потребите на реалниот сектор”, нагласи министерката додавајќи дека истовремено се менуваат и политиките за стипендирање на учениците од техничките струки, за да се поттикне изборот токму на оние профили кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите.

Ss1

Царовска истакна дека со средбите се постигнува успешна соработка помеѓу компаниите и стручните училишта.

„Како резултат на овие консултации некаде ќе се отворат дуални паралелки, а некаде ќе се интензивира феријалната пракса со присуство на учениците во самите компании“, објасни министерката.

На средбата присуствуваа претставници од реалниот сектор од Крива Паланка и Кратово, директори од средните стручни училишта од овие два града и градоначалниците на Крива Паланка и Кратово Борјанчо Мицевски и Љупчо Бојаџиев.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

(ФОТО) Километарски колони за влез од Грција во Македонија

Приведен гледач кој на мечот Шкупи – Шкендија фрлал предмети кон клупата на гостите

Во менувачница наместо чанта со денари му донеле чанта полна со харија !