Утрински Весник
Свет

(Видео) Обединетите нации започнуваат истрага за принцезата Латифа, Лондон бара доказ дека е жива

(Видео) Обединетите нации започнуваат истрага за принцезата Латифа, Лондон бара доказ дека е жива
Ss2

Обединетите нации ќе започнат истрага за принцезата Латифа, ќерка на владетелот на Дубаи, која го обвини нејзиниот татко дека ја држи во заложништво од 2018 година, кога се обиде да избега од Обединетите Арапски Емирати.

Канцеларијата на Високиот комесаријат на ООН за човекови права предлага Обединетите Арапски Емирати да бидат истражени за притворот и условите во кои живее принцезата.

Ss1

Британското Министерство за надворешни работи изјави дека станува збор за загрижувачки случај и побара доказ дека Латифа е жива.

„Со оглед на тоа што го видовме, луѓето би сакале да видат дека е жива и здрава“, рече британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Тој изјави дека Велика Британија не избегнува одговорност во вакви чувствителни случаи и кога се загрозени човековите права.

„Не е едноставно да се каже дека можеме да воведеме санкции. Постои многу строг законски праг“, рече Раб, пренесува „Ројтерс“.

Триесет и петгодишната Шеика Латифа во видеоснимката емитувана на телевизијата Би-би-си изјави: „Јас сум заложник, а оваа вила е претворена во затвор“.

Шеика Латифа рече дека видеото го снимила во бањата, бидејќи тоа е единствената просторија каде што може да се заклучи и дека сите прозорци на зградата се блокирани, па затоа не може да ги отвори.

Таткото на Латифа, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, е еден од најбогатите шефови на држави во светот, владетел на Дубаи и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Принцезата не се согласува со кралското семејство и повеќепати ја повикуваше јавноста да покрене демократски реформи и да се залага за поголеми права на жените.

 



Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија