Утрински Весник
Економија

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: Зголемен економскиот раст и платите, воведен младински додаток

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: Зголемен економскиот раст и платите, воведен младински додаток

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посетија фабриките Супер шуз и ХТЗ опрема во Крива Паланка, каде, како што соопшти владината прес-служба, на средба со менаџментот и со вработените констатирале дека мерката за субвенционирање на придонесите за раст на плати дава резултати и оти платите се зголемени.

– Со водење одговорни економски политики за две и пол години направивме вистински пресврт. Од негативна стапка од -1,8 проценти во вториот квартал на 2017 година сега имаме просечен раст на бруто домашниот производ од 3,5 проценти. Преку мерките од Планот за економски раст, Оперативниот план за вработување и ФИТР и други мерки со над 100 милиони евра се поддржани околу 3.000 компании и бизниси. Развојот на компаниите позитивно влијае и на работниците, во периодот на мандатот отворени се нови 59 илјади нови работни места и невработеноста е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти, а во исто време за една година имаме реален пораст на просечната плата од пет проценти, која е исто така на рекордно високо ниво и изнесува над 25.700 денари. Последната мерка за субвенционирање на придонесите за раст на плата се уште една мерка со која покажуваме дека се грижиме за економскиот раст и дека одлуките кои ги носиме како Влада. Мерката ја искористиле околу 20.000 компании кои ја зголемиле платата на 106 илјади работници, изјави Царовска.

Шкријељ ги повика младите вработени во производство и во земјоделство од Крива Паланка да се пријавуваат во Центрот за вработување за да ја искористат можноста за месечен младински додаток.

-Го воведовме младинскиот додаток со којшто секое младо лице до 23 години кое е вработено и самовработено во компанија со претежно производствена дејност или како индивидуален земјоделец, има право да добие месечен надоместок од 3.000 денари. Со овој додаток ги јакнеме младите и ги стимулираме да се вработуваат во производство, рече Шкријељ.

Според градоначалникот на Крива Паланка, Бојанчо Мицевски, позитивните владини политики се чувствуваат на локално ниво.

– Минималната и просечната плата во приватниот сектор се зголемени. Исто така пораснаа и платите на вработените во социјалната заштита и во градинките коишто со години наназад беа непроменети, раче Мицевски.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје

СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи, доаѓа нов авион за Мицкоски

Просечната плата во јуни помала за 1.163 денари во однос на месец мај