Утрински Весник
Македонија

Царинската управа поднесе пријава за избегнување на плаќање акциза од еден милион евра

Царинската управа поднесе пријава за избегнување на плаќање акциза од еден милион евра

Царинската управа вчера поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Велес и против одговорното лице во правното лице со иницијали Б.А., поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Избегнување на плаќање на акциза“.

Станува збор за увезен тутун пуштен во промет без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 64.613.703 денари или повеќе од еден милион евра.

Имено, се работи за два увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Велес во октомври 2019 година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Велес, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Велес заради обезбедување на докази во врска со случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Момче од Седларево почина по добиени повреди при сеча на дрва во дебарско село

Условна казна за екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ