Утрински Весник
Свет

Хрватски лекар вели дека вирусот силно влијае и врз мозокот

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на ковид-19 пандемија“

Академик Ивица Костовиќ (77), еден од водечките хрватски невролози и професор на Медицинскиот факултет во Загреб, во интервју за Вечерњи лист вели дека Ковид-19 влијае и на човечкиот мозок, но на научниците сè уште не им е јасно како коронавирусот се шири во мозокот.

Првите трудови ги објавија Кинезите, кои тврдат дека во 50 проценти од случаите откриле микро промени во церебралната циркулација и дека вирусот влијае и оштетува одредени делови од мозокот. Костовиќ истакнува дека ќе бидат потребни многу истражувања за да се утврди какви ефекти ќе има Ковид-19 врз мозокот.

„Ова не може да се открие набрзина“, вели академикот и предупредува дека 30 проценти од трудовите се повлечени од печат токму затоа што биле објавени набрзина. Тој е убеден дека Американците први ќе објават релевантни трудови за ова затоа што имаат 100 милиони заразени и врвни научници. Тој рече дека ковидот влијае и на менталното здравје и дека 50 проценти од американската популација има некаква форма на ментална болест како резултат на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претседателката на Грузија стави вето на законот за странски агенти

Демонстрации во Израел за итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон

Саливан во Саудиска Арабија, со престолонаследникот Бин Салман разговараа за војната во Газа