Утрински Весник
Свет

Хрватска воведува најстроги мерки

Туристите „бегаат“ од Хрватска, колони на границите

Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави дека Националниот штаб до утре ќе подготви построг пакет мерки против епидемијата на коронавирус, кои ќе стапат на сила на крајот на неделава и ќе важат до Божиќ.

По средбата на премиерот Андреј Пленковиќ со министрите, Божиновиќ рече дека Националниот штаб подготвува пакет построги мерки.

„Штабот подготува нов пакет мерки со кои ќе ги запознаеме министрите и ќе важат до Божиќ. Ова се построги мерки, некои сметаат дека сегашните мерки се доволни, но бројките не паѓаат и одиме со нови мерки имајќи предвид дека ова е долга битка “, изјави Божиновиќ, пренесува „Индекс“.

„Ова се мерки што се насочени кон одредени сегменти на економијата, пред се угостителството. Потоа на други оддели, нешто помалку на културата, мора да видиме делови од образованието“, рече Божиновиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале