Утрински Весник
Македонија

Хорор во Малме: Ученик со секира и нож убил две жени во училиште

Хорор во Малме: Ученик со секира и нож убил две жени во училиште

Две жени вработени во средно училиште во шведскиот град Малме се убиени во напад на 18-годишен ученик кој бил вооружен со секира и нож, соопшти полицијата.

Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, јавува Би-Би-Си. Полицијата соопшти дека во инцидентот немало пукање, а шведските медиуми јавуваат дека осомничениот употребил секира и нож.

Се додава дека тој самиот повикал полиција и признал дека убил две лица. Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе, ученици и наставници.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица