Утрински Весник
Свет

Холандските весници информираат дека е загрозена безбедноста на премиерот Марк Руте

Холандските весници информираат дека е загрозена безбедноста на премиерот Марк Руте
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холандија ги засили безбедносните мерки во однос на премиерот Марк Руте, откако полицијата добила извештај за можен напад од криминалци поврзани со трговија со дрога, објави денеска холандскиот дневниот печат.

Иако вооруженото насилство е реткост во Холандија, насилството поврзано со трговијата со дрога стана вообичаено во последниве години, пренесува „Ројтерс“.

Неименуван владин извор го потврдил пишувањето на дневниот весник „Де Телеграф“.

Холандските безбедносни служби одбиле да ги коментираат овие наводи.

Премиерот Марк Руте, запрашан за извештајот, изјави дека безбедноста и заштитата се прашања за кои никогаш не треба да се зборува јавно.

Според „Ројтерс“, премиерот често може да се забележи како вози велосипед од својата куќа до владините згради во Хаг, а честопати му се обраќаат минувачи кои сакаат да направат селфи со него или да поразговараат.

Во последниве месеци, неколку лица низ земјата беа казнети или осудени на кратки затворски казни поради закани кон министри и пратеници.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин