Утрински Весник
Спорт

Холандија, а не домаќинот Катар, ќе го отвори СП

Холандија, а не домаќинот Катар, ќе го отвори СП

Домаќинот Катар нема да го отвори Светското првенство во фудбал. Светската куќа на фудбалот, ФИФА, реши да отстапи од традицијата, не само што домаќинот нема да игра на отворањето, туку првиот натпреварувачки ден ќе понуди четири натпревари.

Мундијалот во Катар ќе го отворат Холандија и Сенегал. Натпреварот ќе започне во 11 часот по средноевропско време. Сенегалците еднаш веќе играле на отворањето, на своето деби на мундијалите, во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, тие славеа против тогаш актуелниот шампион Франција.

Вториот меч на 21.ноември ќе го одиграат Англија и Иран во рамките на Б-групата, а потоа домаќинот Катар, од 17 часот ќе игра против Еквадор.

Првиот натпреварувачки ден ќе го затвори натпреварот помеѓу САД и победникот од европскиот бараж Велс-Шкотска/Украина.

> Холандија, а не домаќинот Катар, ќе го отвори СП <

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен