Утрински Весник
Спорт

Хендерсон успешно опериран, го чека подолга пауза

Хендерсон успешно опериран, го чека подолга пауза

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, денес бил опериран, соопшти клубот од „Енфилд“. Хендерсон, во саботата, на натпреварот против Евертон се здоби со повреда на препоните.

Ливерпул, во соопштението, не прецизира колкава пауза го очекува Хендерсон. Се претпоставува дека тој нема да игра еден месец, додека медиумите шпекулираат дека пред капитенот е пауза од десет недели.

Јирген Клоп, остана без уште еден важен играч во тимот, од претходно тој не може да смета на Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Фабињо.

Ливерпул се шестти на табелата во Премиер лигата, со 19 поени помалку од лидерите Манчестер сити. „Црвените“ се во лоша серија, забележаа порази на последните четири натпревари и до крајот на сезоната ќе се борат за место во Лигата на шампионите.

> Хендерсон успешно опериран, го чека подолга пауза <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале