Утрински Весник
Магазин

Хемсворт позира со својата ќерка на снимањето на „Тор“ пред 11 години и сега

Kрис Хемсворт ѝ оддаде почит на својата омилена суперхероина, ќерката Индија Роуз, со симпатична објава на Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

Актерот сподели фотографии од него и Индија направени пред 11 години во текот на снимањето на филмската сага „Тор“.

На првата фотографија се гледа како актерот, облечен во неговата препознатлива црвена наметка, се издигнува над ќерката кога таа сè уште била бебе. На друга фотографија, направена за време на продукцијата на овогодинешниот филм Thor: Love and Thunder („Љубов и молња“) се гледа како неговата сега веќе 11-годишна ќерка му седи в скут.

Оваа фотографија има посебно значење бидејќи Индија всушност глуми лик во последниот дел од филмот.

„Еве две фотографии од мене и мојата ќерка“, напиша актерот и додаде: „Едната ја покажува првпат на сетот пред 11 години, а другата е најновата од сетот на Тор: Љубов и молња“. Таа е мојот омилен суперхерој.“

Можете да прочитате

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026

Експертите предупредуваат на драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца