Утрински Весник
Магазин

Харисон Форд му оддава почит на Шон Конери со кој глумеше во „Индијана Џонс 3“

Харисон Форд му оддава почит на Шон Конери со кој глумеше во „Индијана Џонс 3“

Харисон Форд му оддаде почит на неговиот татко на екранот Шон Конери, кој почина во саботата на 90-годишна возраст.

„Тој беше мојот татко … не во животот .. туку во „Инди 3 “, рече 78-годишниот Форд во интервју за „Варајети“ во понеделникот.

Конери го портретираше Хенри Џонс Сениор во продолжението од 1989 година, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“.

„Не знаете што е задоволство сè додека некој не ви плати да го возите  Шон Конери во странична приколка на руски мотоцикл кој потскокнува на нерамна, полна со свиоци планинска патека и да го гледате како се тресе. Боже, колку се забавувавме,“ рече Форд.

„ Ако е во рајот, се надевам дека имаат терени за голф. Почивај во мир, драг пријателе.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител