Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: Знаев дека нешто не е во ред

300x250 (7)

Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион во Формула 1, призна дека сериозно размислувал да се пензионира минатата година.

dobivaj vesti na viber

Возачот на Мерцедес за првпат по инцидентот на последната трка од минатата сезона, во Абу Даби, изјави дека „се чувствува измамено“ и дека тоа е единствената причина што не ја освоил осмата шампионска титула.

Ss1

Во интервју за септемвриското издание на магазинот „Vanity Fair“, Хамилтон се присети на таа трка и на она што се случи во целта.
Познато е дека поради грешката на тогашниот директор на трката Мајкл Маси околу воведувањето на безбедносното возило на патеката, Хамилтон ја загуби предноста што ја имаше пред Макс Ферстапен, кој успеа да победи и да ја освои титулата во финишот на трката.

„Почнуваш да гледаш како работите се одвиваат и твоите најголеми стравови се остваруваат. Си велев, нема шанси вака да ме измамат. Нема шанси, нема да се случи. Нема да се случи. Не знам дали можам да го опишам тоа чувство со зборови. Се сеќавам дека седев во автомобилот со неверување, сфатив дека морам да го откопчам појасот и да излезам. Дека морам да излезам од се и да најдам сила. Немав сила. Тоа беше еден од најтешките моменти што ги имав долго време. Знаев што се случи, какви одлуки беа донесени и зошто. Знаев дека нешто не е во ред“, вели Хамилтон.

Долго време по трката немаше контакт со јавноста, но мораше да ја прифати ситуацијата. Сериозно размислувал да стави крај на кариерата.

„Секако, размислував дали да продолжам. Сè уште се борам за титули и чувствувам дека уште многу работи стојат пред мене. И ако престанам, ќе се чувствувам како да имам повеќе гориво во резервоарот. Не мислам дека ќе изгорам и ќе истрчам, се надевам дека тој ден е далеку“, заклучи Хамилтон.



Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!