Утрински Весник
Спорт

Хамес Родригез: Ако сум лош играч, ќе го прифатам тоа!

Хамес Родригез: Ако сум лош играч, ќе го прифатам тоа!

Колумбискиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Хамес Родригес нејверојатно ќе го напушти Кралскиот клуб ова лето.

По враќањето од позајмицата во Баерн Минхен, Колумбиецот не се избори за минутажа кај тренерот Зинедин Зидан. Французинот соопшти дека не смета сериозно на него во наредната сезона.

Две сезони помина на „Алијанц арена“, а идното лето истекува договорот на Родригез со „Кралевите“. Сезонава имаше само 8 настапи за Реал Мадрид.

„Кога не играш, тоа е фрустрирачки. Подготвен сум, можам да играм, го знам тоа. Ако сум лош играч, ќе го прифатам тоа. Јас сум играч кој секогаш сака да е на теренот и да победува. Кога немаш исте можности како и соиграчите од екипата, тоа е многу разочарувачки“ – рече Родригез.

> Хамес Родригез: Ако сум лош играч, ќе го прифатам тоа! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Надал успешно стартуваше во Рим

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕП во фудбал во 2027 година

Манчестер Јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот