Утрински Весник
Спорт

Халилхоџиќ попушти и се смири со Мазрауи

Вахид Халилхоџиќ најверојатно ќе остане селектор на мароканската фудбалска репрезентација и на СП во Катар, откако се смири со ѕвездата Нусаир Мазрауи, по што останува уште помирувањето со Хаким Зијеш и Амине Харит.

Мароканската фудбалска федерација, беше подготвена да му даде отказ на Халилхоџиќ, иако тој ги однесе на Мундијалот поради конфликтот кој ги имаше со првите ѕвезди на африканската нација.

Денеска, една од пречките е надмината, откако тој се фотографираше со мароканско знаме со ѕвездата на Ајакс, Нусаир Мазрауи.

> Халилхоџиќ попушти и се смири со Мазрауи <

Можете да прочитате

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари

По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид