Утрински Весник
Магазин

Халзи е бремена со своето прво дете

Халзи е бремена со своето прво дете

Американската пејачка Халзи се појави на социјалните мрежи во средата за да открие дека го чека своето прво дете, и сподели фотографија на која се гледа нараснатиот труднички стомак.

„Изненадување!“, напиша таа во својата објава на Инстаграм и додаде неколку емотикони со шише за бебе, виножито и ангел.

Веста навистина ги изненади фановите на Халзи, бидејќи за 26-годишната пејачка се сметаше дека не е во врска со никого пред објавувањето на нејзината бременост.

Сепак, таа во својата објава го означи сценаристот Алев Ајдин, сугерирајќи дека тој е нејзиниот мистериозен партнер и татко на бебето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците

Слика на Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција

Истражување – кои се најлошите возачи во Европа