Утрински Весник
Спорт

ФФМ го одржа генералното Собрание

ФФМ го одржа генералното Собрание
Img 5587

Фудбалската федерација на Македонија денеска го одржа Редовното Генерално Собрание.
Според одобрен здравствен протокол од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, Фудбалската федерација на Македонија го организираше Редовното Генерално Собрание.

Присутните делегати на Собранието на ФФМ ја потврдија одлуката на Управниот одбор на федерацијата во однос на регионалната поставеност и промена на организацијата на трети лиги и систем на натпревари. Новата регионална поставеност ќе се имплементира од сезоната 2020/2021 и вклучува поделба на пет региони со пет трети лиги кои би броеле од 6 до 16 екипи.

Ss1

На Редовното Генерално Собрание е усвоен извештајот за работа на претседателот и Управниот одбор на ФФМ, потоа извештаите од правните органи и лиценцни тела на ФФМ, како и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2016-2026 за 2019. година.

Присутните делегати го усвоија ревизорскиот извештај за работата на ФФМ, завршната сметка на федерацијата и финансискиот план – буџет на Фудбалската федерација на Македонија.

Собранието на ФФМ даде согласност и го овласти Управниот одбор да утврди буџетска позиција со која ќе се финансираат инфраструктурните проекти на начин што средствата предвидени за реализација на активностите за кои Управниот одбор ќе утврди дека не се реализирале ќе бидат реализирани во новата буџетска позиција.

извор/ffm.mk

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам