Утрински Весник
Спорт

Фудбалер им ги крадел копачките на соиграчите, па ги продавал на интернет

Фудбалер им ги крадел копачките на соиграчите, па ги продавал на интернет

Скандал го тресе фудбалскиот клуб Бордо. Славното име на францускиот фудбал, Бордо шест пати биле шампиони, се наоѓа на последното место во Лига 1 и веројатно од следната сезона ќе игра во понизок ранг. На лошите резултати се надоврза и најновиот скандал од соблекувалната.

РМЦ објави дека фудбалер им ги крадел копачките на соиграчите, а потоа ги продавал на интернет. Не е објавено името на фудбалерот. РМЦ наведе дека фудбалерот добил парична казна и бил суспендиран на еден натпревар.

Казната предизвикала дополнително незадоволство кај дел од фудбалерите. Тие очекувале дека фудбалерот ќе биде исфрлен од тимот.

Крадецот бил разоткриен од поранешната девојка, која се јавила во клубот откако ја прекинале врската.

> Фудбалер им ги крадел копачките на соиграчите, па ги продавал на интернет <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе