Утрински Весник
Македонија

Обвинение за напад врз новинарска екипа во селото Ѓурѓевиште

Обвинение за напад врз новинарска екипа во селото Ѓурѓевиште

Гостиварското Основно јавно обвинителство, по спроведена претходна постапка, поднесе обвиниение против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.

Тој најпрвин започнал расправија со нив, упатувајќи им пцовки и погрдни зборови, а потоа зел секира со која започнал кон нив да замавнува.

Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица.​​

 

Можете да прочитате

Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Променливо облачно и свежо: Денеска до 14 степени, на истокот можен слаб дожд

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси