Утрински Весник
Магазин

Френк Сталолоне никогаш не бил љубоморен на неговиот брат Силвестер

Додека неговиот постар брат Силвестер Сталоне стана sвезда на холивудската А-листа и познато име, Френк Сталоне никогаш не почувствувал дека е во неговата сенка.

70-годишниот Френк, помладиот брат на Слај (74), направи добра кариера за себе како музичар и актер, што е прикажано во нов документарец Stallone: Frank, That Is, кој ќе дебитира на 19 јануари.

Додека го промовира новиот филм, Френк разговараше со „Пејџ сикс“, каде што јасно стави до знаење дека не бил љубоморен на астрономскиот подем на својот брат.

„Никогаш не сум бил љубоморен. Никогаш не се чувствував како да сум во сенка. Мислам дека другите луѓе мислеа дека сум во сенка “, рече тој за својот брат.

Документарниот филм Stallone: Frank, That Is, во кој се појавуваат Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Били ди Вилијамс и други, е поглед одвнатре во фасцинантниот живот, кариера и преживување на најнепознатиот а сепак славен забавувач во Холивуд, коментираат медиумите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година

Дневен хороскоп за 30 Јуни 2026 година

Чадот од шумските пожари го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари и може да биде смртоносен