Утрински Весник
Спорт

Фрајбург се оддалечи од ЛШ, Баер обезбеди место меѓу елитата

Dik 300x250 mk

Фрајбург пропушта историска шанса да избори место во лигата на шампионите. Фрајбург попладнево доживеа убедлив пораз 1:4, од Унион Берлин, на домашен терен. За разлика од Фрајбург, Баер Леверкузен со победата од 4:2 кај Хофенхајм обезбеди место во Лигата на шампионите.

Униор Берлин за едно полувреме го декласира Фрајбург. Гостите од германската престолнина по првиот дел имаа предност од 3:0. На крајот славеа со 4:1.

Баер, во второто полувреме го скрши Хофенхајм. На полувреме Хофенхајм водеа со 2:1, на крајот „фармацевтите“ победија 4:2.

За целосна доминација на гостите ова попладне се погрижија Волфсбург со победата 1:0 во Келн и Борусија Дортмунд со триумфот 4:1 кај Гројтер Фирт.



> Фрајбург се оддалечи од ЛШ, Баер обезбеди место меѓу елитата <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата