Утрински Весник
Свет

Блинкен: Путин сака да ја преврти историјата за да ја оправда бруталната војна

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да ја сврти историјата за да ја оправда својата непредизвикана и брутална војна против Украина“.

„Додека војната повторно беснее во Европа, ние мора да ја зголемиме нашата решеност да им се спротивставиме на оние кои сега сакаат да манипулираат со историската меморија за да ги постигнат сопствените амбиции“, рече Блинкен во пресрет на 77-годишнината од победата над нацистите.

„Одбележувајќи го крајот на Втората светска војна, имаме света должност кон загинатите: да ја кажеме вистината за минатото и да ги поддржиме сите оние во нашата доба кои се борат за слобода“, додаде тој.

Крајот на Втората светска војна се означува на 8 мај, но Русија ја слави советската победа над нацистите на 9 мај. Москва планира воена парада и се очекува говорот на Путин за војната во Украина.

Можете да прочитате

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“