Утрински Весник
Свет

Франција ги укинува полицискиот час и носењето маски на отворено

Франција ги укинува полицискиот час и носењето маски на отворено

Франција в недела (20 јуни), ќе го укине задолжителното носење маски на отворен простор и ќе стави крај на воведениот осуммесечен полициски час со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Најавата на францускиот премиер Жан Кастекс доаѓа во време кога во Франција на дневно ниво се регистрираат околу 3.900 новозаразени лица, што е многу помалку од 35.000 колку што имаше на врвот на инфекцијата во март и април, пренесува „Ројтерс“.

Кастекс ја поздрави добрата вест и рече дека полицискиот час ќе биде откажан в недела, 10 дена порано од предвиденото.

Повеќе од 58 проценти од возрасната француска популација примиле барем една доза од вакцините против Ковид-19.

Во вторникот, Франција започна програма за вакцинација за деца на возраст од 12 до 18 години, како дел од напорите за заштита на нацијата, бидејќи постепено се укинуваат ограничувањата.

Можете да прочитате

Хаос во Париз: Маж со два кујнски ножа нападнал три жени, две се сериозно повредени

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина