Утрински Весник
Свет

Франција воведува задолжително носење на маски

Франција воведува задолжително носење на маски

Франција ќе воведе задолжително носење маски во сите затворени јавни места со цел да се запре епидемијата на коронавирус, најави претседателот Емануел Макрон.

„Ќе биде задолжително да се носат маски на сите затворени јавни места“, рече Макрон во телевизиско интервју, споменувајќи го 1 август како датум за воведување на оваа мерка.

Макрон рече дека има знаци за нов бран на коронавирусот во Франција, каде досега починаа над 30.000 луѓе.

„Мора да спречиме појава на нови жаришта, но и да се подготвиме за нов бран од епидемијата“, предупреди Макрон во телевизиското интервју по повод францускиот национален празник Ден на Бастилја.

„Ќе бидеме подготвени. Имаме залихи што се обезбедени, имаме организација што ќе ни овозможи да се соочиме со нов бран, доколку го има“, рече францускиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Светската метеоролошка организација предупредува: „Ќе биде сè потешко…“

11 лица загинаа во лавина на планина во Русија

АфД победи на изборите во Саксонија-Анхалт, но не освои мнозинство