Утрински Весник
Свет

Меркел: Веќе не можеме да се потпреме на тоа дека САД ги штитат европските интереси

Меркел: Веќе не можеме да се потпреме на тоа дека САД ги штитат европските интереси

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сега е неопходно Европа да биде обединета, затоа што светот е целосно реорганизиран.

Меркел, која како прв германски канцелар, присуствуваше на седница на Владата на покраината Баварија, на прес-конференција во Минхен истакна дека единство во Европа значи сигурност за Германија.

Таа порача дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со Европската унија е многу важно.

„Светот во моментов се реорганизира. Мислењето дека Соединетите држави ја штитат ЕУ веќе не е нешто што може да се земе здраво за готово. Затоа единството во Европа е поважно од кога и да било“, рече Меркел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“