Утрински Весник
Спорт

Франс фудбал демантира дека Златната топка ќе ја добие Меси

Франс фудбал демантира дека Златната топка ќе ја добие Меси

Директорот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, ги демантираа „Марка“ и португалската телевизија РТП, дека е познат добитникот на Златната топка.

На почетокот на неделата, „Марка“, објави дека престижната награда ќе ја добие Роберт Левандовски, а доцна синоќа РТП излезе со информација дека лауреат, седми пат во кариерата ќе биде Лионел Меси.

„Таа информација е едно големо сра.е, како и многу други информации кои излегоа во последните десет дена. Голем блеф“, рекол Ферер.

Покрај Меси и Левендовски, главни кандидати за Златната топка се Карим Бензема и Мохамед Салах.

Златната топка ќе биде доделена на 29.ноември.

> Франс фудбал демантира дека Златната топка ќе ја добие Меси <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина